Git --distributed-even-if-your-workflow-isnt
Chapters ▾

Chapter 3

Гранење со Git

Во скоро секој VCS постои подршка за гранење. Гранење значи одделување од главната линија за развој и се продолжува со работа без интерференција во основната содржина. Во многу VCS алатки овој процес може да биде доста скап. Често има потреба од креирање на нова копија од изворниот код, што може да одземе многу време, посебно за поголеми проекти.

Една од најдобрите изведени функционалности во Git е токму гранењето и ова е тоа што го издвојува Git од останатите VCS. Што е тоа што го издвојува? Начинот на кој Git го врши гранењето е доста оптимизиран, креирањето на гранки и преминување од гранка на гранка завзема многу малку време. За разлика од останатите VCS, Git ви наметнува начин на работа со кој се врши гранење и спојување (merge) доста често, дури и неколку пати дневно. Разбирањето и учењето на оваа особина ви дава моќна и уникатна алатка и може буквално да ви го промени начинот на развој на вашиот проект.