Git --everything-is-local
Chapters ▾

1.4 Како да започнам - Инсталација на Git

Инсталација на Git

Да почнеме со користење на Git. Како прво треба да го инсталирате. Може да дојдете до него на повеќе начини, двата најчести начини се да го инсталирате од изворен код или да го инсталирате како постоечки пакет за вашата платформа.

Инсталација од изворен код

Доколку сте во можност, генерално е покорисно да го инсталирате Git од изворен код, бидејќи на тој начин ја добивате најновата верзија. Секоја верзија од Git се труди да вклучи корисни подобрувања во корисничкиот интерфејс, па земајќи ја најновата верзија на Git од изворниот код вообичаено е најдобро доколку се чувствувате спремни да компајлирате софтвер од изворен код. Исто така чест случај е многу Линукс дистрибуции да содржат многу стари пакети; па освен ако ја немате најажурираната дистрибуција, инсталацијата на Git од изворен код е најсигурниот потег.

За да го инсталирате Git, треба да ги имате овие библиотеки од кои што зависи Git: curl, zlib, openssl, expat, и libiconv. На пример доколку користите систем кој што има yum (како што е Fedora) или пак apt-get (како што се Debian базираните дистрибуции), може да повикате една од овие наредби за да ги инсталирате сите овие зависности:

$ yum install curl-devel expat-devel gettext-devel \
  openssl-devel zlib-devel

$ apt-get install libcurl4-gnutls-dev libexpat1-dev gettext \
  libz-dev

Кога ќе ги имате сите овие зависности разрешено, може да ја симнете најновата верзија од Git сајтот:

http://git-scm.com/download

Потоа, компајлирајте го и инсталирајте го:

$ tar -zxf git-1.6.0.5.tar.gz
$ cd git-1.6.0.5
$ make prefix=/usr/local all
$ sudo make prefix=/usr/local install

Откако ќе го направите сетоа тоа, исто така ќе можете најновите измени во Git да ги земате преку самиот Git:

$ git clone git://git.kernel.org/pub/scm/git/git.git

Инсталирање на Линукс

Доколку сакате да го инсталирате Git на Линукс преку бинарен инсталатер, тоа може да го направите преку алатките за менеџирање на пакети кои што доаѓаат со вашата дистрибуција. Доколку користите Fedora, може да користите yum:

$ yum install git-core

Или пак доколку користите Debian-базирани дистрибуции како Ubuntu, пробајте со apt-get:

$ apt-get install git

Инсталирање на Мекинтош

Постојат два лесни начини како да го инсталирате Git на Мекинтош. Најлесниот е да го користите графичкиот Git инсталатор, кој што може да го симнете до SourceForge страната (види слика 1-7):

http://sourceforge.net/projects/git-osx-installer/


Слика 1-7. Git OS X инсталатор.

Другиот начин е да го инсталирате Git преку MacPorts (http://www.macports.org). Доколку веќе го имате инсталирано MacPorts, тогаш инсталирајте го Git преку

$ sudo port install git-core +svn +doc +bash_completion +gitweb

Не мора да ги имате сите додатоци, но најверојатно би сакале да го вклучите +svn во случај да сакате да го користите Git со Subversion репозиторија (види поглавје 8).

Инсталирање на Windows

Инсталирањето на Git на Windows е многу едноставно. msysGit проектот има еден од најлесните инсталациски процедури. Едноставно симнете го инсталерот од GitHub страната, и стартувајте го:

http://msysgit.github.com/

По инсталацијата, ги имате и верзијата од командна линија (вклучувајќи SSH клиент кој што ќе ви се најде подоцна) и верзија со стандарден графички интерфејс.