Git --distributed-even-if-your-workflow-isnt
Chapters ▾

1.2 Како да започнам - Кратка историја на Git

Кратка историја на Git

Како и со многу големи работи во животот, Git настана со мала креативна деструкција и жестока расправија. Линукс кернелот е проект со отворен код и сосема широк делокруг. Одржувањето за поголемиот дел од животниот век на Линукс кернелот (1991-2002) се одвивалот на тој начин што измените во софтверот се предавале како закрпи и архиви. Во 2002 Линукс кернел проектот почнал да користи лиценциран DVCS систем наречен BitKeeper.

Во 2005, врската помеѓу заедницата која што го развиваше Линукс кернелот и компанијата која што го разви BitKeeper се распадна, и алатката повеќе не можеше да се користи бесплатно. Тоа и наложи на Линукс развојната заедница (а посебно на Линус Торвалдс, авторот на Линукс) да развијат сопствена алатка базирана на некои лекции кои што ги научија додека го користеа BitKeeper. Некои од целите на новиот систем беа:

  • Брзина
  • Едноставен дизајн
  • Силна подршка за не-линеарен начин на развој (илјадници паралелни гранки на развој)
  • Целосно дистрибуиран
  • Ефикасно да може да подржи големи проекти како Линукс кернелот (брзина и количина на податоци)

Од неговото раѓање во 2005, Git еволуираше во систем кој што е лесен за користење и сеуште ги задржува иницијалните цели. Тој е извонредно брз, многу ефикасен со големи проекти, и има извонреден систем за гранање за не-линеарен начин на развој (Види поглавје 3).